TYVEK® CLASSIC XPERT (CHF5)

TYVEK® CLASSIC XPERT (CHF5) DuPont

Шифра: OD/T-001

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Заштитен комбинезон со ергономски облик којшто овозможува удобно работење. Има триделна, ергономски обликувана качулка којашто не го ограничува видното поле и обезбедува добро позиционирање околу рабовите кога се користат маски за лице. Обезбедува заштита од разни видови неоргански хемикалии со пониска концентрација и честички поголеми од 1 µm, штити од радиоактивни честички, обезбедува сигурна заштита од суви честички од тип 5 и од ограничени прскања со хемикалии од тип 6. Комбинезонот е паропропустлив, лесно се отстранува во отпад и не содржи халогени соединенија. Има патент Tyvek® којшто е лесен за ракување, дури и со ракавици поради поголемиот затворач, преклоп над патентот за поголема безбедност, еластични ленти без латекс на краевите на ракавите, ногавиците и околу половината. Краевите на ракавите се дизајнирани на таков начин што не се движат нагоре при работа, па не е потребна јамка околу палците, шевовите се направени со помош на нова, напредна технологија со цел обезбедување подобра заштита од навлегување на штетни материи во внатрешноста на комбинезонот. Се користи во агрохемијата, при работа со азбест, во автомобилската индустрија, хемиската индустрија, при деконтаминација на загадена почва и работни места, во службите за итни случаи, при обработката на храна, отстранувањето на опасни материи во отпад, индустриското чистење и одржување, во медицината и при изложеност на биолошки опасности, фармацевтската индустрија, итн.
Величини M-XXXL Категорија III Тип 5b (
EN ISO 13982-1:2004 + A1:2010) Тип 6b (
EN 13034:2005 +A1 2009 - нов метод на тестирање:
EN ISO 17491-4:2008 метод A)
EN 14126:2003,
EN 1149-5:2008,
EN 1073-2

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА