Заварување-видови и најчести ризици од повреда

Заварувањето е процес на спојување на два или повеќе метали од ист или приближно ист хемиски состав.Со соединувањето се добива нераздвојна врска,се врши под дејство на топлина,со додавање (во некои случаи и без додавање) на дополнителен материјал.

Иако во делот на заварувањето постојат над 70 различни методи на заварување,воглавно како основни се издвојуваат 4 методи на заварување: MIG/MAG,TIG,REL и AVTOGENO завраување.

MIG/MAG метод на заварување

Поимот MIG/MAG доаѓа од англискиот израз METAL INERT GAS (MIG) односно METAL ACTIVE GAS (MAG).Овие изрази во себе содржат и опис на постапката,додека кај MIG постапката на заварување се остварува под заштита на инертниот гас,кај MAG заварувањето активниот гас учествува во заварувањето.Кај MIG заварувањето се користат инертни гасови како аргон,хелиум или нивна мешавина.Кај MAG заваруваето се користат активни гасови најчесто CO2 и негова мешавина со други гасови-заради ова овој тип се нарекува и CO2 заварување.Најчестите примени на MIG/MAG заварување е кај обоените метали,заварување на тенки лимови,челик и останати метали кои се поврзуваат со кислород.Овој метод на заварување е прилично брз,применлив на сите видови на материјал,во сите положби.Оваа метода може да се автоматизира односно роботизира.

TIG метод на заварување 


Поимот TIG заварување доаѓа од англискиот израз TUNGSTEN INERT GAS,во TIG методот за заварување,електродата на волфрамот не се топи туку  насочува интензивен електричен лак кон металот кој сакаме да го завариме.На овој начин е можно да се спои основниот метал без да вметнеме дополнителен материјал.Овој метод е многу прецизен и високо квалитетен.Развиен за потребите на заварување на магнезиум и легури на магнезиумот,но денеске се користи за заварување на широк спектар на метали.Заштитни гасови кои се користат за TIG заварување се аргонот и хелиумот,па поради тоа овој метод се нарекува и аргоснко заварување,Овој начин на заварување е релативно бавен,ограничен на тенки материјали и премногу скап (заради опремата,гасот и волфрамот).

REL метод на заварување

REL кратенката означува израз за рачно електрично заварување.Во странсгтво се користи кратенката MMA ( Manual Metal Arc Welding) и SMAW ( Shielded Metal Arc Welding). Во REL методот заварувачот рачно  воспоставува електичен лак помеѓу електродата и работното парче на металот.Применлив е кај сите видови на метал.РЕЛ е широко распространета метода на заварување и едноставен за ракување.Се работи за пристапен метод со ефтина опрема,со широк избор на електроди за различни намени.Се користи за сите видови конструкциски челик,сите дебелини.
Недостатокот кај овој метод е нискиот квалитет на варот заради рачно изведената постапка и можни грешки кај воспоставувањето и прекинувањето на електичниот лак

АВТОГЕНО заварување 

Автогено односно плинско (гасно) заварување е метод кај кој топлотната енергија за заварување се добива со согорување на пасот.Високата температура која се постигнува со согорување на гасот ги загрева краевите на металот кои сакаме да ги завариме и по потреба дополнителниот материјал.Гасови кои се користат за овој вид заварување се најчесто ацетил,пропан,бутан,метан... Кислородот и одбраниот гас се мешаат и се развива многу  висока температура (со мешавина на ацетилен и кислород се развива температура и до 3100 степени целзиусови).Овој вид на заварување се користи за заварување на челик,бакар,алуминиум и нивните легури.Станува збор за многу едноставен процес на заварување со ниски трошоци,но спор процес и голема опасност од запаливи гасови.

Основни ризици од повреди во тек на заварување

Ретки се професиите каде работниците во тек на своето работење се изложени на сложени видови на физички и хемиски опасности како што е професијата заварувач.Затоа на тие опасности  и мерките на заштита потребно е да се посвети посебно внимание.

Отровни пареи и гасови

Покрај тоа што заварувањето подразбира топење на металот,испарувањето во вид на гасови и пареа до кои доаѓа во тие процеси,претставуваат  голем ризик по здравјето на работникот.Најопасната пареа доаѓа од хром и манган.Покрај нив,заварувачите се изложени на отровни испарувања на јаглен моноксид,алиминиум,арсен и азот.Штетата настанува со појавата на овие испарувања и варира зависно од нивните видови и должина на изложеност и се движи од иритирано грло или очи,до запаление на плуќа,карцином па дури и Паркинсонова болест и други заболувања на нервниот систем.

Мерките за заштита,кога овој ризик е во прашање,претставува адекватна вентилација во просториите каде се заварува,како и употреба на лична заштитна опрема во вид на автоматски маски за заварување.

Оган (изгореници)

Заварувањето го изложува работникот на силна жештина- често и илјада степени- предизвикувајќи повреди од вообичаени изгореници.
Истотака,заварувањето прави искри кои прскаат и над 30 метри од изворот,со тоа оганот вистински загрижува.
Баш поради тоа постои широк спектар на лична заштитна опрема за заварување наменета за заштита од искри и високи температури.Како прво,тоа се секако ракавици за заврување и маска,потоа престилка,ракави,камашни,јакни,панталони.Личната заштитна опрема за заварувачите не треба да има џебови и отвори каде искрата би можела да навлезе.Истотака,обувките за заварување треба да имаат заштита на предниот дел за искрата да не навлезе во нив.Со специјалната заварувачка опрема,се советува и носење на огноотпорни (FR) одела,кои се огноотпорни и антистатични.

Радијација

Изгорениците можат да предизвикаат и тополотна радијација (зрачење) или електромагнетна енергија која допира до кожата. Еден облик на зрачење е и UV зрачењето, кое е посебно опасно за очите на заварувачот. Симптомите на изложеност на UV зрачење во текот на заварување можат да се манифестираат како благ притисок до интензивна болка во очите, крвави очи, иритација на очите ( чувство на песок во очи) и осетливност на светлина.
Затоа секој заварувач користи заварувачка маска и наочари соодветни, со ниво на затемнетост (DIN), UV заштита и странична заштита од UV зраци. Се советува заварувачките наочари да се носат под маските за заврување. Страничната заштита кај заварувачките наочари штити и од други штетни процеси кои се случуваат во текот на заварувањето. Од дополнителна опрема тука се специјалните паравни кои имаат функција да ги заштитат и другите работници во просторијата од радијација и искри.

Електричен лак ( струен удар)

Електричната струја е сериозна потенцијална опасност во текот на електрично заварување, зошто струјните кола ( електричниот лак) се користи за топење на металите, што ствара ризик од струен удар , при допир на два метални предмети под напон. Електричниот удар може тешко да ве повреди и да биде смртоносен за заварувачот и затоа е важно да се превземат сите неопходни мерки на заштита- да се провери дали опремата е сува и во исправна состојба, да се употребува огноотпорна, антистатик FR опрема, употреба на гумени простирки како изолација и сл.

Работата на заварувачите е една од работите кои подложат на највисок степен на ризик од повреда и заболување. Затоа е важно секогаш да ги имате на видик , дали од страна на работодавецот или од самите заварувачи. Драго ни е дека свеста за употреба на лична заштитна опрема расте, дури и во сверата на металургијата и секаде каде што е присутно заварувањето. 
Може да се каже дека заварувачите се суперхерои помеѓу работниците. Нашата лична заштитна опрема е тука да им помогне а при тоа да се чуствуваат дека ќе останат безбедни и здрави.