STENBERG PROTECTOR

STENBERG PROTECTOR Stenberg

Шифра: OD-STNP200

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Заштитно одело за заштита при заварување и слични процеси, за заштита од топлина, пламен и статички електрицитет. Изработено е од материјал во тегет боја којшто се состои од 87% памук, 12% најлон и 1% јаглеродни влакна, 260 g/m2, шиено е со огноотпорен конец и има огноотпорни рефлектирачки ленти. Блузата има два горни зашиени џеба и два странични џеба, цврста манжетна и еластична лента зашиена на половината. Закопчувањето е заштитено со преклоп. Панталоните имаат два покриени внатрешни џеба, два зашиени странични џеба и еден заден џеб, а исто така можат да се стеснат во долниот дел на ногавиците со што се спречува навлегувањето на искри. Панталоните имаат висок струк којшто е дизајниран на таков начин што овозможуваат блузата целосно да ги преклопи одозгора, со што исто така се спречува навлегување на искри. Оделото е погодно за заварување со плин, ТИГ или волфрамска електрода, МИГ или заварување на метал во инертен гас - на пример аргон или хелиум, за микроплазма заварување, за заварување на самото место или рачно лачно заварување (заварување со помош на електроди обложени со рутил), за лемење, како и за работи со машини за сечење кислород, сечење плазма, електроотпорно заварување и термичко прскање, како и за работа со преносни апарати за заварување. Поради неговата отпорност на топлина и антистатичност, покрај за заварување ова одело исто така е погодно и за употреба во нафтената, петрохемиската и металопреработувачката индустрија (леарници, железари, рафинерии), каде што покрај термичките ризици исто така постои и ризик од неконтролирано празнење на статички електрицитет што може да предизвика експлозија.
Величини 48-66
EN 1149-5
EN ISO 11611 класа 1, A1+A2
EN ISO 11612 A1+A2 B1 C1 F1

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА