3M™ SPEEDGLAS™
Шифра: 3M-501815
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Автоматска маска за заварување со подлабок раб за поголема заштита на вратот и ушите. Ултравиолетова (UV) и инфрацрвена (IR) заштита во секое време, во сите фази. Одбрани филтри за заварување со напредни оптички перформанси за постојан комфор при гледање. Достапна е со три големини на филтерот за заварување: 107 x 73 mm (XX), 107 x 54 mm (X) и 93 x 45 mm (V). Има странични стакла коишто го прошируваат видното поле. Удобната и мека лента за главата го зголемува комфорот. Издишаниот воздух се движи преку странични издувни вентили, со што се спречува негово насочување кон предметот на работа. Усогласена со барањата за механичка отпорност за честички со големи брзини според
EN 175 класа Б. Може да се користи за неколку процеси на заварување - MMA, MIG/MAG, TIG, плазма заварување, оксиацеталинско заварување/сечење, а може да се користи и за брусење. Рачно прилагодување на нивото на затемнување
DIN 5, 8 и 9-13, вклучително и затемнување за гасно заварување, микроплазма и аргонско заварување. Сензор за брзина на затемнување: светло/темно - 0,1 милисекунда, а темно/светло - 0,04 - 1,3 милисекунди. Работна температура -5°C до +55°C. За овој производ има достапни голем број резервни делови - филтри за заварување во сите достапни големини, надворешни (отпорни на топлина или гребење) и внатрешни стакла, батерии, леќи за зголемување, делови за склопување, ленти за глава, странични стакла, потници, качулки, прекривачи за врат и уши и сл.
EN 379
EN 175
EN 166