SIGMA 2 - НОСАЧ ЗА БОЦА СО ПРИДРУЖНА ОПРЕМА ЗА УПОТРЕБА ВО ИНДУСТРИЈАТА

SIGMA 2 - НОСАЧ ЗА БОЦА СО ПРИДРУЖНА ОПРЕМА ЗА УПОТРЕБА ВО ИНДУСТРИЈАТА Scott

Шифра: ZD-SCT2027150

За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.

Propak - Sigma е изолациски апарат со отворен круг за дишење, дизајниран да ги задоволи сите барања на индустриската примена, а исто така ги задоволува и стандардите за професионалните пожарникари (Тип 2). Propak - Sigma комбинира максимални перформанси, лесна употреба и комерцијална економичност. Основата на Propak - Sigma уредот е составена од веќе докажаниот двостепен пневматски систем. Како и во случајот на понапредниот модел, Propak-FX-a, првостепениот вентил прифаќа цилиндри под притисок до 300 бари. ГЛАВНИ ПРЕДНОСТИ СЕ:
• бајпасот на вентилот на барање може да се регулира со помош на ротирачка рачка, па нема потреба од постојано притискање на копчето
• ергономичен дизајн и мала тежина на држачот и каишот
• сите елементи на Propak - Sigma уредот се целосно одвоиви
• комплетниот пневматски систем лесно и брзо се одвојува и отстранува, а сите компоненти можат да се сервисираат, со што се намалуваат трошоците
• сервисирањето и одржувањето е лесно и економично Основни елементи на Propak - Sigma уредот се:
• издржлива задна плоча со вграден пневматски систем
• ленти коишто можат да се прилагодуваат и каиш за лесно позиционирање
• пневматски систем (којшто се состои од приклучок за цилиндар, редуктор на притисок, манометар, свирка и вентил што се користи по потреба) Усогласеност:
• во согласност со стандардот EN137:2006 Тип 2
• во согласност со член 9 од MED Директивата на ЕУ за опрема за пловни објекти Опции: Propak - Sigma може да се користи со челични или композитни боци под притисок до 300 бари, без никакви измени. Алтернативно, можат да се користат и боци под притисок до 379 бари, со мали измени на првостепениот вентил. Исто така, може да се конфигурира за работа со две боци, со Y-раздвојник за дополнителен корисник, како и со додаток за работа со Airline довод на воздух. Маските со позитивен притисок Vision 3, Promask и Panaseal, коишто се користат со Sigma 2 уредот нудат можност за додавање на Saber-com 2 комуникациски уред, којшто е во согласност со EN136, класа 3.

ПРОИЗВОДИ ОД ИСТА КАТЕГОРИЈА