EVO 3® СО ВЕНТИЛАЦИЈА СО РЕМЧЕ
Шифра: ZG-EVO3VWR-5
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Изработен е од HDPE (полиетилен со висока густина којшто може да се рециклира), со што се обезбедува висок степен на отпорност на удари. Има текстилна влошка со закопчување на 6 точки и прилагодување на три длабочини. Лесно прилагодување на обемот со помош на Evolution™ ремче (екстензија WR во кодот) или OneTouch™ ленти (екстензија SR во кодот). Памучен потник обложен со порозен ПУ слој, материјал којшто е Ph неутрален и дерматолошки тестиран. Шлемот е достапен со вентилација (екстензија V во кодот) или без, во неколку бои. Верзијата со вентилација е дизајнирана на таков начин што топлиот воздух излегува надвор преку отворите, а студениот воздух влегува внатре, намалувајќи ги негативните ефекти на UV зрачењето и температурата во внатрешноста на шлемот за 2-3 степени. Верзијата без вентилација ги задоволува барањата на стандардот
EN 50365, класа 0 - електрични изолациски кациги за употреба при работа со постројки со низок напон. Тоа значи дека овој шлем има електрична изолација и е погоден за работа под напон или во близина на делови под напон во постројки коишто не надминуваат 1000 V наизменична струја или 1500 V едносмерна струја (ознака со два триаголници). Исто така, овој шлем (во верзијата без вентилација) го заштитува корисникот од краткотраен, случаен контакт со електрични водови под напон, до напон од 440 V наизменична струја. Покрај тоа, верзијата без вентилација обезбедува одредена заштита од прскање на стопен метал. На EVO 3® шлемот можат да се монтираат додатоци (држачи за визир, визири и антифони) од Sureft™ EVO колекцијата, со помош на универзални адаптери коишто се наоѓаат од двете страни, како и EVOSpec® заштитни очила. Исто така, постои можност за испорака на адаптер за светилка, како и варијанта со лента околу брадата.
EN 397
EN 50365