uvex ultrasonic 9302.245
Шифра: UV-9302245
За информации околу цените на производите ве молиме контактирајте не на мејл или телефон.
Заштитни очила со широко видно поле и еластична лента. Оптичка класа на леќите 1, обезбедуваат заштита од удари од честички со средна брзина до 120 m/s, течни капки, крупни честички прашина, стопен метал и цврсти, вжарени честички. Меката силиконска рамка, којашто совршено се прилагодува на формата на лицето на корисникот, притоа овозможувајќи исклучителна удобност при носење во текот на целиот ден, овозможува широка компатибилност со опремата за заштита на дишните органи. Употребата на uvex supravision excellence технологијата ги обезбедува трајните својства против замаглување на овие очила од внатрешната страна, како и отпорноста на гребнатини и хемикалии од надворешната страна. Можат да се носат врз диоптриски очила. Индиректната вентилација обезбедува удобност во внатрешноста на очилата.
EN 166 1.B.3.4.9.K.N
EN 170